Познати

Предизвика голем бес кај Италијаните: Хрватска манекенка која живее во Италија реши да се шегува после вчерашниот меч

Откако нивната фудбалска репрезентација во возвратниот дуел одгира без голови со Шведска и остана без можност да оди на Светското првенство во Русија, на Италијаните, кои во првиот меч изгубија 1:0, како да им потонаа сите бродови.

 

На социјалните мрежи по овој пораз се огласи и Нина Мориќ, хрватска манекенка која голем дел од времето е токму во Италија. Таа се обиде да ги насмее, но постигна обратен ефект.

-Не бидете очајни, сите сте повикани кај мене дома да ја видите Хрватска на Светското првенство, напиша Нина на Фејсбук.

Нејзините пријатели од Италија и се налутија и извреѓаа.

-Единствена грешка на Италија е што пушти избеглици како што си ти, порача еден од фановите.

-Циганко, колку светски трофеи освоија Хрватите? Најважен ви е оној за најлоша земја, се вели во друг коментар.

-Врати се дома, а пред да заминеш научи да ја почитуваш земјата која те спаси од беда, гласеше уште еден од коментари.