Познати

Познатиот пејач доживеа сообраќајна несреќа

Познатиот британски пејач Ед Ширан завршил во болница, објавија странските медиуми.

Имено, додека возил велосипед, автомобил налетал на него.

Пејачот ја потврди информацијата дека е повреден, а на својот Инстаграм профил објави фотка од неговата рака во завој. Тој објасни дека чека совет од докторите и дека постои можност да ја откаже турнејата.