Познати

Познатата актерка открива: Пријавив злоставување и поради тоа завршив на црната листа

Ѕвездата на серијата „Итна служба“ се пожали на злоставување на снимањето. Клуни и продуцентот биле лути, па и кажале дека жените кои не го прифаќаат тоа ја губат кариерата.

 

48 годишната актерка Ванеса Маркез ја играше улогата на медицинска сестра во американската серија „Итна служба“. Тврди дека не сетот ја злоставувале некои колеги, а за тоа се пожалила на продуцентите, но и на колегата, 56 годишниот Џорџ Клуни.

– Ми кажаа дека жените кои не го прифаќаат тоа ја губат кариерата, а Клуни им помогна да ме стават на црната листа во Холивуд, што ми наштети, раскажува таа.

Инаку, Џорџ Клуни ги поддржа жртвите на злоставувањата на продуцентот Харви Вајнштајн.

Во јавноста излегоа бројни холивудски актерки кои имале незгодни искуства со Вајнштај, меѓу кои се и Анџелина Џоли, Ешли Џуд, Гвинет Партлоу, Асиа Аргенто, Мира Сорвино, Росана Аркет и Роуз МекГован.