Познати

Познатата актерка и поранешен саентолог проговори за Том Круз

Актерката и поранешен саентолог Леа Римини повторно го нападна најславниот член на таа црква Том Круз.

 

Римини, која саентологијата ја напуштила во 2013 година, го нарече Круз „дијаболик”.

Таа на социјалната мрежа Редит одговараше на прашања по повод својата документарна серија „Leah Rеmini: Scientology and the Aftermath”. Еден член на таа мрежа ја прашал дали Том Круз е добар човек.

„Не! Едноставно – не!” – напиша Римини. „Имате еден човек кој ве гледа право во очи, се ракува со вас, ве прегрнува и е внимателен, а сосема друг човек стои зад маската”.

„Некој би можел да каже дека сите сме такви, дека на еден начин се претставуваме во јавноста, а на друг начин приватно. Но сите луѓе кои се околу Том и работат за него, кои не се саентолози, ќе ви кажат дека тој е дијаболик. Луѓето кои работеа со мене ќе ви кажат дека јас умеам да бидам лоша – сите глумци се такви. Тоа е нешто друго. Тој е сличен на Дејвид Мискевиџ, како да се близнаци”.

Инаку Дејвид Мискевиџ со кој Римини го споредила Том Круз е водач на саентолошката црква.

Прашана како сега ја третираат другите членови на саентолошката црква од Холивуд, глумицата напиша: „Ме игнорираат и ја напуштаат просторијата”.

Така глумицата и саентологот Елизабет Мос наводно ја напуштила салата на доделување награда на Здружението на ТВ критичари кога Римини излегла на сцената да го прими признанието.

„Елизабет Мос смисли дека не смее да разговара со мене” – рече Римини во интервју за „The Hollywood Reporter” објавено по три дена од тој инцидент.

„Во саентологијата постои нешто што се вика – Прифатлива вистина. Тоа значи дека можете да кажете само нешто што е прифатливо за јавноста. Таа мисли дека јас сум асоцијално лице, затоа што зборував против саентологијата. Затоа не и е дозволено да разговара со мене, а јас нема да ја ставам во непријатна ситуација”.