Познати

Пораснале во богатство: За овие ѕвезди парите не биле проблем

Овие талентирани музичари и актери со сопствената работа дошле до статусот на ѕвезди, но милионите на сметките на мама и тато сигурно им биле добра отскочна даска.

 

Додека некои познати лица пред да станат познати спиеле по клупи и јаделе во народни кујни, постојат и оние ѕвезди кои секогаш имале пари.

Адам Ливајн

Фронтменот на бендот Марун фајв направи завидна музичка кариера и заработи милиони, но помошта од неговиот татко Фред Ливајн, сопственик на ланецот продавници М.Фредерик, му била добредојдена.Тој на 38 годишниот Адам му го финансираше школувањето на престижниот Брентвуд, каде што запозна двајца колеги од бендот.

Тејлор Свифт

Таткото на пејачката, Скот Свифт е успешен деловен човек и финансиски советник, а нејзината мајка Андреа е менаџерка. Скот вложил многу пари во дискографската куќа со која 27 годишната Тејлор покасно потпиша договор.

Мајли Сајрус

Мајли е родена 1992 година кога песната „Achy Breaky Heart“ на нејзиниот татко Били Реј Сајрус била на врвот. Иако семејството веќе располага со големо богатство, Мајли одлучи да тргне по истиот пат.

Ким Кардашијан

Роберт Кардашијан бил познат адвокат во Лос Анџелес. 36 годишната Ким ниту по неговата смрт, не морала да се грижи за финансиите затоа што нејзината мајка Крис Џенер се омажи за поранешниот олимпиец Брус Џенер.

Ед Ширан

Таткото на Ед Ширан е кустос и предавач, додека неговата мајка Имоген, дизајнира и изработува накит. Иако не му недостасувале пари во детството, 26 годишниот Ед сепак одлучил да се фати за работа и стана еден од најдобрите млади британски музичари.

Кристен Стјуарт

Младата актерка пораснала во семејство кое секогаш било во шоубизнисот. Татко на Кристен бил продуцент на Фокс, а мајка и била сценаристка. 27 годишната Кристен Стјуарт детството го поминала во вила вредна 1,75 милиони долари во елитиниот дел на Холивуд.

Ариана Гранде

 

Нејзиниот татко е директор на успешната компанија „Ibi Designs“, чии клиенти се познати лица како Еди Марфи. Од друга страна, 23 годишната Ариана почнала да заработува уште во детството благодарение на ангажманот во американската детска телевизија „Nickelodeon.