Познати

ПОЈАКА ОД СНААТА: Ова го може само свкрвата на Тамара! (ФОТО)

За пејачката Тамара Тодевска и нејзината свекрва Софија не важи правилото дека снаата и свекрвата ретко имаат хармоничен однос, барем ако судиме според она што го објавуваат на Фејсбук.

Тамара не е од оние невести што живеат под ист покрив со свекрвата, но кога оди во Гевгелија, родниот крај на нејзиниот сопруг Александар, свекрвата и е сигурна помош кога е во прашање Хана.

А баба како баба, полна со радост за внуката го чека секое нејзино доаѓање. Тамара има поддршка од уште една мама, но и млада свекрва полна со енергија и модерни погледи.

Па така, таа користи и социјални мрежи каде редовно прикачува фотографии на кои вежба финтес и ја јакне својата фигура и здрав дух.

На Тамара можеби не и е силна страна вежбањето, но е најјака во пеење, а пак баба Софија во јак тренинг од кој се гледа од кого Александар ја наследил љубовта кон спортот.