Познати

Почина уште еден актер од серијата Сопранови

Актерот Френк Винсент, кого сите го знаеме од филмовите на режисерот Мартин Скорсезе и серијата „Семејството Сопран”, почина во болница во Њу Џерси.

Актерот починал за време на операција на срцето. Винсент минатата недела имал инфаркт.

Познатиот и омилен актер е роден во 1939 година во САД во семејството на мигранти од Италија.

Отпрвин Винсент бил заинтересиран за музика, но потоа учествувал во нискобуџетен филм со неговиот колега Џо Пеш, каде што тој бил забележан од кинолегендата Роберт Де Ниро и тоа ја предодреди неговата судбина.