Познати

Почина член на бендот „Џамирокваи“

По едногодишна борба со ракот, Тоби Смит, клавијатурист и еден од основачите на популарниот британски бенд „Џамирокваи“, почина на 47-годишна возраст.

tobi smit

– Вчера ја чув веста, за која се надевав дека никогаш нема да ја чујам, дека мојот драг пријател Тоби почина, напиша пејачот на групата, Џеј Кеј на својот Фејсбук профил.

И басистот Стјуарт Зендер се прости со својот поранешен колега преку порака на социјалните мрежи.

Тоби ја напушти групата во 2002 година, официјално поради семејни причини.

Тој страдаше од болеста со години, но го криеше тоа од јавноста.