Познати

По трет пат се омажи Наташа Беквалац: Гостите плачеа од радост, еве како изгледаше оваа романтична венчавка (ФОТО)

Пејачката Наташа Беквалац и нејзиниот партнер Лука Лазукиќ го изговорија судбоносното „да“ на Ибица и тоа во кругот на семејството и блиските пријатели.

 

Наташа и Лука веќе неколку дена престојуваа на Ибица за да се подготват за гостите. Денеска сите се собраа за да присуствуваат на свадбата на поп пејачката и нејзиниот избраник.

Деталите од славењето испливаа на социјалните мрежи и може да се види како сестрата на Наташа, Кристина Беквалац се забаввуа со заедничките пријатели.

-И нема крај на мојата среќа. Еден од најромантичните мигови на светот, напиша Кристина на својот профил.

Младенците венчавката ја прославиле во еден ресторан, а се одлучиле за бела и елегантна декорација.

Инаку, на Наташа денеска и е роденден, па така имаше причина повеќе за славење.

Таа и Лука се заколнаа на вечна љубов на самото зајдисонце, а церемонијата на венчавање беше толку емотивна, што сите плачеле. Во ресторанот е организирана свечена вечера по која гостите прославата ја продолжиле во ноќен клуб.