Познати

Обожавателите полудеа: Омер и Дефне прегрнати зад камерите од снимањето на новиот филм! (ФОТО)

Омилената турска актерка двојка, Бариш Ардуч и Елцин Сангу, неуморно работат на снимањето на новиот филм „Те молам остани“ на кој се работи под полна пареа.

Актерите имаат армија обожаватели низ Европа и Азија кои ги следат во секој чекор и не пропуштаат ништо ново поврзано со нив.

Па така, вчеравечер осамна фотографија на која Омер и Дефне позираат прегрнати еден до дрг и облечени во слична гардероба.

Дека одлично функционираат зад камерите, освен како колеги, туку и пријатели е евидентно од објавата, а пак обожавателите повторно на големо навиваат кај оваа двојка да се роди љубов како во сериите, така и во реалноста.

Сепак, и двајцата се во љубовна врска, Бариш го чека свадба, а Дефне долгогодишната врска.

Извор: Вистина.мк