Познати

Ноне се огласи за шпекулациите дека е бремена: Луѓе, не сум трудна, дебела сум!

Ноне Неделковска со своето момче Рајан деновиве ужива на Јамајка, кој таму е роден. Некогашната македонска поп-пејачка по неколкуте фотографии кои таа ги објави, веднаш почна да се зборува дека таа е бремена, а слични коментари имаше и по социјалните мрежи.

 

Сепак, велешанката брзо, и на духовит начин ги демантираше овие написи преку својот Фејсбук профил на кој предмалку напиша:

– Луѓе, не сум трудна…дебела сум. Фала пријатно.