Познати

Никогаш похрабра: Ања Ветерова се разголи по градник, а останатиот дел од изгледот ќе ве шокира! (ФОТО)

Ања Ветерова, слаткото мало девојченце кое пее од најраната детска возраст, веќе порасна, а како минува времето таа станува се похрабра во изборот на облека.

ANJA

Ања започна да пее на детските музички фестивали со забележителни настапи, потоа имаше дует со битолската група „Паркети“, за да во 2010 година ја претставува Македонија на детскиот Евросонг во Белорусија. Потоа настапи на „Скопски фестивал“, а следеше и настапот на „Макфест“ 2016 каде настапи со песната „И покрај се“.

1anja

Деновиве Ања на својот официјален профил на социјалните мрежи со провокативна фотографија ја најави новата песна „Рам Бам Бам“ која се очекува да излезе наскоро.

Дека светските поп пејачки се нејзина инспирација, може да се забележи од храбриот изглед каде спои тренерки со мрежасти хулахопки, градник и раскопчано спортско палто. Овој ексцентричен изглед станува се поактуелен, а Ања со голема доза на самодоверба реши да го примени на себе.

До промоцијата на новото музичко парче, останува да почекаме со што уште ќе изненади младата пејачка.

3anja

2anja

Извор: Вистина.мк