Познати

Неверојатна љубовна приказна на ѕвездата на Барселона: Ме одби 30 пати, потешко ја освоив мојата сопруга од Лигата на шампионите (ФОТО)

Човекот е одличен, ова не е фудбалска, туку животна приказна. Иван Ракитиќ, херој, голем човек и момче кое не се откажувало.

 

Иван Ракитиќ е одлично момче и одличен човек. Познато е неговото пријателство со Младен Крстајиќ, воодушевувањето на Просинечки, роден е и израснал во Швајцарија, но на крајот, слушајќи го советот на Крстајиќ одлучил да заигра за Хрватска.

Но, ова не е фудбалска приказна, ова е најдобрата љубовна приказна. Оваа приказна почнува од денот кога Иван пристигнал во Севиља на преговори, во друштво на својот брат Дејан.

Преговарале, скоро и биле договорени, во хотелскиот бар работела девојка која Иван веднаш ја приметил.

-Си реков себеси, какво е ова убаво место, низ насмевка вели Ракитиќ.

Таа вечер неговиот брат имал повик од друг, поголем клуб, да пратат авион и да го соберат да потпише за нив. Но, браќата Ракитиќ веќе дале збор.

-Немаше шанси, им ветивме на луѓето од Севиља, наредниот ден требаше да потпишам договор. Не беше коректно, а испадна дека таа одлука ми го промени животот, објаснува поранешниот фудбалер на Севиља, сега на Барселона.

-Потпишувам за Севиља, а оваа убавица ќе ми биде жена, на што неговиот брат само се насмеал.

-Најтешката работа која сум ја направил во животот е освојување на Ракел, потешко и од освојување на Лига на шампиони, открива Ракитиќ.

Станува збор за убавицата од барот, Ракел, која не знаела англиски, а Иван иако говори пет јазици, не го говори шпанскиот. Секој ден додека живеел во хотелот, седел во барот и пиел кафиња.

-Знаев да испијам неверојатен број кафиња и сокови, како би седел на шанкот, неволја беше што не можевме да разговараме и да се разбереме, како Тарзан и Џејн, ја објаснува хрватската ѕвезда ситуацијата со својата љубов.

Но, и кога научил шпански, таа го одбила.

-Ја повикав да излеземе, нокогаш не кажа директно “не“, но секогаш велеше дека нема време и мора да оди дома после работа, ме одби едно 20-30 пати. Бев разочаран, после три месеци најдов стан, но ме опседнуваше, и понатаму одев во хотелот. Тогаш ми објасни, дека не сака да има ништо со фудбалерите, да ќе отиде во друг клуб и таквите врски немаат перспектива. Бев разочаран, на некој начин и ја сфаќав. Но, не сум од оние кои се откажуваат. Газев на теренот, да не ме избрка Севиља, продолжува Ракитиќ.

И потоа, му стигнува СМС порака, не сака да открие од кого, дека убавата шанкерка е во барот, но со сестрата и дека не работи. Не сака ниту денеска да го открие изворот.

-Отидов веднаш и повторно пробав, и кажав да ми даде шанса, дека сфаќам дека е со сестрата, но дека мора да излезе со мене. И дека нема да си одам од Севиља, објаснува тој.

Конечно Ракел прифатила, па почнале да се забавуваат.

-Научив шпански, но најголемата нервоза беше кога ме однесе на ручек кај нејзините. Они така брзо зборуваат, ја само климав со главата, но на нејзиниот татко му беше јасно дека ништо не разбирам, па ми кажа да не се грижам, ќе разберам, раскажува Ракитиќ.

И тогаш стигна понудата од Барселона, јасно се најде на раскрсница.

-Јасно е дека тие не сакаа да заминам, но знаеа, како и јас, дека ваква шанса се укажува еднаш во животот. Севиља ја прифати понудата. Таткото на Ракел ми кажа, „Добро, идиоте, но кога играш против Севиља, извини но знаеш за кого навивам“, се смее одличниот фудбалер, кој сега со Ракел има две ќерки, а заедно се шест години.

Неговата жена не прати многу фудбал, но сепак:

-Од Тарзан ме направи капитен на Севиља, па фудбалер на Барселона, ја завршува оваа убава љубовна приказна Ракитиќ за порталот „theplayerstribune.com“.