Познати

НЕОЧЕКУВАНО: Ријалити ѕвездата изненади со својот изглед (ФОТО)

Ријалити ѕвездата Ким Кардашиан се појавила на една гала вечер во Лос Анџелес и сите присутни ги изненадила со својот изглед.

Иако многумина мислеле дека ќе се појави провокативно облечена, старлетата се појавила во елегантно издание.

Имено, таа прошетала облечена во долг бел фустан без ракави. Иако ги истакнала своите познати облини, изгледала многу пристојно. Необично за неа е тоа што облекла долг фустан, па и нозете и градите, но и нејзиниот стомак, биле покриени, а единственото нешто што го открила биле рамениците.

2kim

Тоалетата на ријалити ѕвездата чинела 644 фунти, а станува збор за креација на Рик Овенс. Со собраната коса, нежната шминка и малку накит, Ким блескала кога се појавила.

Ким била дел од вечерта во која биле наградени поединци или компании кои ги поддржувале ЛГБТ семејствата, а таа му врачила награда на продуцентот Џонатан Марија и на неговиот долгогодишен партнер Харви Рис. Ким е позната по тоа што со нејзиниот сопруг Канје Вест ја поддржала сексуалната трансформација на нејзиниот очув Брус Џенер во Кејтлин Џенер.

ким3

1kim