петок, 19. јануари 2018. Вести денес: 1
home Познати

„Motorhead “ повеќе ги нема, почина и последниот член на познатата рок група

„Motorhead “ повеќе ги нема, почина и последниот член на познатата рок група

Гитаристот Еди Кларк, последниот член на рок групата „Motorhead“ починал вчера во болница по тешка борба со воспалување на белите дробови.

Кларк починал на 67 години, објавено е на Фејсбук страната на бендот.

-Едвард Алан Кларк или како што сите го знаеме и сакаме, Брзиот Еди Кларк починал мирно вчера, пишува во соопштението.

Кон крајот на 2016 година почина фронтменот на групата Леми Килмистер, а во 2015 тапанарот Фил Тејлор.

Бендот беше формиран во 1975 година, а најпознати хитови им се „Ace of spades“, „Iron first“ „Bomber“, „Overkill“….