Познати

Мистер Бин прогласен за починат

Некои таблоиди вчера ја проширија веста дека британскиот глумец и комичар Роуан Еткинсон, попознат по улогата на „Господин Бин“, се самоубил.

Сепак, таквата вест се покажа како лажна, а демант стигна првенствено од британските медиуми. Еткинсон е жив.

Популарниот комичар беше „убиен“ од страна на медиумите и во јули минатата година, кога исто така се шпекулираше дека се работи за самоубиство или пак за сообраќајна несреќа.

Бурните реакции на неговите фанови, кои се гневни на таблоидите, не стивнуваат на социјалните мрежи.