Познати

Меси се опамети- годинава се појави во нормален костим, но сите му фаќаат сеир на Дани Алвеш и неговото сако (ФОТО)

Откако низ изминатите години постојано беше за потсмев со својот стајлинг на доделувањето на најзначајните индивидуални награди, Аргентинецот Лионел Меси конечно се појави во нормален аутфит заедно со сопругата Антонела Рокуцо.

Вечерва во Лондон, ФИФА ќе ги додели најважните награди, а Меси е еден од трите номинирани.

За да не остане секоја гала-церемонија без сеир за нечиј стајлинг се погрижи Дани Алвеш, поранешниот соиграч на Меси во Барселона, а сега соиграч на Нејмар во ПСЖ.

Бразилецот позираше пред фотографите, а во центарот на вниманието се најде неговата крајно необично сако.