Познати

Мелита се јави со реакција: Еве што кажа за шпекулациите дека момчето ја изневерува!

Откако синоќа на социјалните мрежи се појави фотографија која наводно Мелита Ракичевиќ ја постирала на нејзиниот Инстаграм профил, водителката реши да се огласи.

Фејсбук страната „Приказни од булеварот“ објави копија од фотографијата на која Мелита признава дека момчето ја изневерува, по што настана вистински хаос.

Инстаграм профилот на Мелита наводно бил хакиран, била објавена фотографија, па водителката веднаш се огласи:

-Тешко е да се гледа љубовта, ако сте несреќни и болни… срамота е да хакирате профили и да уништувате животи. Оставете не на мира лудаци! Не постои никаква Ана Марија, нити ја познаваме!, напиша Мелита и постираше заедничка фотографија со нејзиното момче.

Извор: Вистина.мк