Познати

Мекгрегор: Не сум доволно богат – ММА борецот воодушевен од јахтата на рускиот милијардер (ФОТО)

Новата јахта на рускиот милијардер Андреј Мељниченко очигледно многу го воодушеви ММА борецот, Конор Мекгрегор кои и посвети неколку фотографии на Инстаграм.

 

Конор моментно се наоѓа на Ибица со семејството и пријателите каде се наоѓа и јахтата на Андреј и Сандра Мељниченко.

Колку беше одушевен од јахтата сведочи и фактот дека седел во помал брод и тргнал да плови околу јахтата вредна неколку стотици милиони долари. Во еден момент се активирало и обезбедувањето.

-360 милиони долари вредна јахта се појави позади градината ова утро. Се вика „Sailing yacht A“. Така знаете дека на сопственикот не му гајле за ништо. Ова е најскапата јахта на светот. Тој е руски милијардер. Гуглајте, лудило!, напиша воодушевениот Мекгрегор.

 

 

Concept 2 Rower out the back on the second floor @conormcgregorfast.

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on