Познати

Лејди Гага ја отвори душата, принцот Вилијам ја тешеше: Бев во депресија и се срамев да разговарам со пријателите и семејството (ВИДЕО)

Популарната пејачка Лејди Гага и британскиот принцот Вилијам ги изненадија сите откако вчера на фејсбук страницата на кралското семејство беше објавено видео од нив двајцата како комуницираат преку видео врска.

Двајцата разговараа за менталните болести, депресијата и алкохолизмот, а преку разговорот ги охрабруваат сите и имаат за цел да ја подигнат свеста кај луѓето со ментални болести.

Војводата од Кембриџ ја покани поп пејачката отворено да учествува во кампањата за ментално здравје насловена како „ок е да кажеш“ (ok to say), откако таа минатата година во отворено писмо откри дека била во тешка депресија.

На кампањата се приклучија и принцот Хари и принцезата Кејт Мидлтон, принцот неодамна во едно слично видео призна дека бил на работ на нервен слом откако ја загубил својата мајка, принцезата Дајана и порача дека никој не треба да се срами и затвора во себе туку да се советува и разговара со најблиските за да се надмине проблемот.