Познати

Крајот како повод за изглед со кој ги воодушеви сите: Билјана Дебарлиева се поздрави од пред камерите! (ФОТО)

Едно од најпрепознатливите лица во македонскиот телевизиски етер, шармантната Билјана Дебарлиева неодамна имаше важен повод за специјален изглед пред камерите.

Имено убавата Билјана после многу емисии, разговори и решавање на дилеми и прашања во погледот на здравјето во емисијата „Визита“ каде е водителка, дојде време да се поздрави од своите верни гледачи и да ја заврши оваа сезона.

За крај таа олучи да облече посебно сензуална бела комбинација која ја надополни со впечатлив ѓердан од сини пердуви, а косата ја собра наназад.

-„Мојот најубав бел лебед“, „ Се уште сум во дилема:што ти е посилната страна-убавината или интелигенцијата?, „Убава како и секогаш“, се мал дел од ласкавите коментари од дамите на Фејсбук кои редовно ја следат Билјана.

Со нови сили во нова сезона, но што е најважно со задоволство од досега сработеното како мотив за нови почетоци.