Познати

Која е жената што го освои Џастин Трудо

Канадскиот премиер Џастин Трудо е најзгодниот и најшармантен политичар на светот. Симпатиите ги собира не само поради својата појава, туку и поради отвореноста и либералниот став кон различни прашања, толерантниот и отворен однос. И згора на сето тоа изгледа апсолутно вљубен во својата сопруга Софи Грегоар Трудо, со која има 3 деца. Која е Софи Грегоар Трудо?

Џастин Трудо и Софи Грегоар Трудо се во брак од 2005 година.

Таа е поранешна ТВ водителка која ја напушти кариерата кога нејзиниот сопруг стана премиер.

Таа претходно од дете се дружела со братот на Џастин, Мишел, кој во 1998 згаина во снежна лавина. Го познавала и Џастин, но само површно. Се виделе повторно дури во 2003 година, на хуманитарен бал.

Веднаш почувствувале привлечност.

– Се шегувавме, се смеевме, си реков себеси – ова е некој кого морам да го сфатам сериозно! – изјави во една прилика Софи.

Таа следниот ден му пратила порака, но тој не и одговорил!

Истото лето повторно се сретнале, и тогаш тој ја поканил на состанок.

И еве како Џастин зборува за нивната љубов:

– Таа е апсолутно прекрасна. Таа е неверојатен спој на топлина, реалност и интелигенција која се држи строго на земјата, со истакнати вредности кои се заслужни за восхит!

12

Се венчале во 2005 година. Тој признава дека постојано се консултира со неа за сите прашања.

За политичката кариера на сопругот Софи вели:

– Не знаев што ќе биде но знаев дека ќе се снајдам. Тој има интегритет, чесност и неверојатно чувство за расудување, но понекогаш е претерано чувствителен и затоа политиката ме плашеше – вели Софи.

13

Софи и Џастин Трудо имаат три деца – Ела Грејс, Адриен и Хавиер.

14