Познати

Каква Ким Кардашијан: Сузан Сарандон пред 30 години била кралица на деколтето (ФОТО)

Актерката на Инстаграм се присети на младите денови, па објави фотографија од 1978 година. Иако голиот горен дел е покриен со сако, фановите не го криеаја воодушевувањето.

 

Пред неколку дена Сузан Сарандон, која денеска има 70 години, го привлече врз себе вниманието појавувајќи се со фустан со длабоко деколте на отварањето на 70 издание на филмскиот фестивал во Кан.

Cannes 1978 #TBT

A post shared by Susan Sarandon (@susansarandon) on

Актерката на Инстаграм се присети и на младите денови, па објави фотографија од 1978 година, кога во Кан позирала без градник. Иако покриено е се со сако, фановите не го криеја воодушевувањето.

-Божица и безвременска убавица, пишуваше во коментарите.

На свеченото отварање на фестивалот се појавија и Емили Ратајковски, Џулијан Мур, како и Ума Турман која оваа година е и член на стручното жири.