Познати

Кајли Миног заведе принц, обожавателите во шок

Веста за новото момче на пејачката Кајли Миног ги шокираше нејзините обожаватели.

 

Кајли Миног со принцот Филип, таткото на принц Ендру

Според тврдењата на еден австралијански магазин, славната пејачка веќе неколку недели тајно се гледа во принцор Ендру. Двајцата наводно се зближиле откако таа во февруари ја заврши врската со актерот Џошуа Сас, со кого беше и верена.

-Во моментов се неразделни. Ендру е заљубен до уши, изјавил неименуван извор од палатата за New Idea, додавајќи дека почнале да се гледаат откако принцот (57) ја контактирал Кајли (48) за да и пружи поддршка по раскинувањето со 29 годишниот Џошуа.

princ endru

Кајли е некој кого кралицата Елизабета со задоволство би го примила во семејството.

-Сите се надеваат дека врската ќе потрае, додава изворот.

Пејачката имаше многу неуспешни врска, а од друга страна војводата од Јорк беше во брак со Сара Фергусон од 1986 до 1996 година и со неа има две ќерки, принцезите Беатрис (28) и Еугенија (27). По разводот го поврзуваа со многу познати дами, меѓу кои деловни жени и плејбој манекенки. Пред две години, синот на британската кралица Елизабета се најде среде скандал поради наводи дека учествувал во секс со малолетничка. Кралското семејство овие обвинувања ги демантираше.

Кајли Миног со принцот Филип, таткото на принц Ендру
Кајли Миног со принцот Филип, таткото на принц Ендру