Познати

Јоксимовиќ бараат дадилки, но мора да ги исполнуваат овие два услови!

Жељко и Јована Јоксимовиќ бараат дадилки кои ќе им помагаат околу близначките Срна и Ана, додека за синот Коста има жена која се грижи за него.

-Јована никако не може да постигне се сама, уште ја боли и раната од царскиот рез и и помагаат Жељко и нејзината мајка, па поради тоа тргнаа во потрага по бебиситерки. Дадилките мора да имаат искуство, да имаат завршено медицинско високо училиште, акушерски смер и да имаат барем неколку врвни препораки. Секоја од вработените треба да биде максимално посветена на бебето, а за почеток ќе треба и во текот на ноќта да бидат со бебињата- вели нивни близок извор кој додава дека Коста си има своја дадилка.