Познати

Италијанскиот милионер во големи проблеми: Него го сметаат за најсекси дедо, а тоа крие голема тајна

Жените го нарекуваат најсекси дедо на светот, но неговиот изглед моментално не му да му помогне на 50 годишниот Италијанец Џанлука Ваки, кој скоро секој ден се фали со своето богатство на Инстаграм, каде го следат дури 11 милиони луѓе.

 

Имено, иако тој на своите снимки и понатаму безгрижно игра и позира, во реалноста го мачат некои сериозни работи, како фактот дека му запленети јахтата и неколку недвижнини, пишува „Unilad“.

Откако беше упатен повик да му се помогне на наследникот на фармацевсткото царство да го отплати својот долг 10,5 милиони евра, интернетот реагираше на начинот на кој знае, со немилосрдни шеги на сметка на богаташот и неговиот хедонистички стил на живот.

Инаку, Ваки во животот нема ништо работено ниту ден, па некои луѓе на Фејсбук решија да му помогнат.

Напрвена е страница „Да му најдеме работа на Џанлука Ваки“, која предизвика голем интерес. Корисниците на Твитер од друга страна се исмејуваат со неговиот стил на живот, па позираат покрај педалинки и пластични базени. Поглемиот дел од фотографиите имаат хаштаг „Enjoy“, според насловот на книгата на Ваки, во која гордо објаснува зошто не сака да работи во семејната фирма.

Освен јахтата и неколку вили, одземен му е делот и во голф игралиштето во Болоња, а „Quotidiano Nazionale“ пренесува дека неговите адвокати се плашат дека Ваки има уште долгови за кои не се знае.

-Тоа е мал долг, говореше Ваки порано, а на повикот на му се помогне нема баш многу реакции. Имено, досега собрал околу пет евра, па очигледно пред него е долг пат да го спаси својот имот.