сабота, 24. февруари 2018. Вести денес: 49
home Познати

Истрага против Тони Цетински, објавени нови детали за смртта на пешакот кој го прегази

Истрага против Тони Цетински, објавени нови детали за смртта на пешакот кој го прегази

Надлежните покренаа истрага за несреќата која се случи минатата година, а во која учествуваше познатиот пејач Тони Цетински.

На полицијата во Ровиње и било јавено дека на улицата со автомобил марка Мерцедес со кој управувал Цетински, бил удрен маж кој лежел на улицата.

Телото на починатиот маж после несреќата е однесено на одделението за патологија каде е направена обдукција, но до сега не беа соопштени многу детали за самата несреќа.

На 21 февруари 2018 година донесено е решение за спроведување истрага против хрватскиот државјанин (1969) поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело предизвикување сообраќајна несреќа – стои во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.

Постои основано сомнение дека обвинетитот на 3 ноември 2017 год. управувајќи со возилото низ улицата во Ровиње спротивно на одредбите на законот за безбедност во сообраќајот, односно со доаѓањето до непрегледната кривина налево и брзината со која се движел која не била прилагодена за тој дел од патот, свесен дека со своето возење може да ја загрози безбедноста на другите учесници во сообраќајот, сметајќи дека нема да дојде до штетни последици, се додава во извештајот.