недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Познати

И Моника Белучи се прости од Небојша Глоговац

И Моника Белучи се прости од Небојша Глоговац

Ненадејната загуба на српскиот актерски великан, не ја изненади само нацијата, туку и светот…

Откако српското глумиште изгуби уште еден великан засекогаш, многубројните колеги, пријатели како и сите кои го сакаа, преку социјалните мрежи се простуваат од Небојша Глоговац.

Една од првите која се огласи по повод загубата на колегата, пријателот и кумот беше актерката Слобода Мичаловиќ која на својот Инстаграм профил закачи фотографија со емотивна порака.

Непосредно потоа на профилот на Слобода осамна и краток коментар од убавата Моника Белучи.

Имено, таа во коментарот остави четири срциња кои имаат јасна порака на жалост и поддршка за својата пријателка Слобода.