Познати

Холивудската актерка откри зошто се омажи дури во четириесетите години

Иако ретко зборува за љубовните врски, актерката Камерон Дијаз за прв пат реши да открие детали од својот живот, но и од бракот.

Холивудската актерка поминала низ разни љубовни врски, кои често беа главна тема на медиумите.

Таа ги освои некои од најпосакуваните мажи, како Џастин Тимберлејк, Џаред Лето, Адам Родригез, а се шушкаше и за Бредли Купер.

Сепак, и покрај големите љубови кои траеја и по неколку години, Камерон не се одлучуваше за брак. Се до јануари 2015. година кога по асмо осум месеци врска, ја обврза на вечна љубов со Бенџи Маден, гитарист и пејач на групата „Гуд Шарлот“.

-Мислам дека работата е во тоа што дотогаш не го запознав мојот сопруг. Да, имав момчиња пред него, но голема е разликата меѓу момче и маж. Мојот маж е само некој со кој ја делам постелата, туку се што ми се случува во животот и сепак сме толку различни. Она што е важно се нашите морални кодекси, она што сакаме во животот е идентично. Сакаме исти работи, одиме кон иста цел. Тој е мојот совршен мал чудак. Ете, нека биде дека сум чекала да наиде тој, мојот вистински чудак, изјави Камерон.

Нејзината искрена и помалку симпатична исповед наиде на одушевување од жените ширум светот, посебно оние кои се немажени и кои сметаат дека секоја жена треба да го запознае „вистинскиот“.