Познати

Холандскиот крал инкогнито пилотира два пати месечно

Цела 21 година холандскиот крал Вилијам Александер тајно летал два пати месечно како копилот на патнички авиони.

Вилијам Александер на престолот седна во 2013 година, но тоа не значеше дека се одрекол од својата улога во пилотската кабина.

– Летање и пилотирање едноставно ги доживувам фантастично, рече за весникот „Де елеграф“.

Како што истакна, тој планира да продолжи со летање, но следните месеци ќе вежба како да пилотира на „Боинг 737“. Досега холандскиот крал управувал со авионот „Фокер 70“.

Иако беше познато дека понекогаш се појавув како пилот-гостин за да ја одржува својата пилотска дозвола, тоа што никој не знаеше е дека кралот два пати месечно инкогнито пилотирал со патничките авиони, најчесто со капетанот на компанијата „КЛМ“, Мартен Путман.

Владата на Холандија откри минатиот месец дека Вилијам Александер летал на „Фокер 70“, како за владата така и за компанијата „КЛМ“. Тој авион ќе биде заменет за „Боинг 737“.

Во едно интервју тој изјави дека ако поради некоја случајност не се родел во кралско семејство, неговиот син би пилотирал со големи патнички авиони, како „Боинг 747“.

Кралот рече дека никогаш не го користел неговото име кога се обраќал на патниците, како и дека ретко го препознавале во униформа со капа на компанијата „КЛМ“ на главата.

– Предност е тоа што на патниците секогаш можам да им посакам добродојде во име на капетанот и екипажот. На тој начин не морам да го кажувам своето име, истакна холандскиот крал.

Тој рече дека не планира да престане со пилотирање и дека сака да лета на долги летови.