Познати

Горда мајка: Цеца објави видео од првата победа на Вељко

Цеца на својот Инстаграм профил објави неколку снимки кои привлекоа големо внимание.

За младиот Вељко Ражњатовиќ веќе е познато дека тренира бокс, а неодамна го имаше и својот прв официјален натпревар. Гордата мајка, Цеца, објави видео од дебито на својот син.

– Ви благодарам за големата поддршка и за вложениот труд во мојот син Вељко. Прва победа со технички нокаут. Да живее спортот! – напиша Цеца на Инстаграм.