среда, 25. април 2018. Вести денес: 0
home Познати

Фустан или завеса за бањање: И пофалби и шеги за изгледот на Меланија Трамп (ФОТО)

Фустан или завеса за бањање: И пофалби и шеги за изгледот на Меланија Трамп (ФОТО)

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, ја одбележа 2017 година како модна икона, со нејзиниот стил.

Меланија на новогодишната ноќ, се претстави во розова тоалета од модната куќа „Ердем“, со вртоглава цена од 5.500 долари. Фустанот е изработен од сјајна ткаенина со цветни елементи, а одлично искомбинирана со нежно розови чевли.

Доналд Трамп и Барон биле облечени во елегантни црни костуми со пеперушки.

Дочекот на Новата година, се одржа во приватната резиденција во Палм Бич, Флорида.

Колку и скап да е фустанот на Меланија, овој пат не доби одобрување за нејзиниот изглед. На социјалните мрежи се појавија смешни колажи и шеги за облеката на дамата.

Некои го споредија дури и со завеса за бањање.