Познати

ФОТО: Ѕвездата на „Baywatch“ заврши во затвор

Актерот Џереми Џексон кој многумина го паметат како синот на Мич од „Baywatch“ е осуден на 270 дена затворска казна која треба да ја отслужи во Лос Анџелес како дел од спогодба за случај од 2015 година кога една жена тврдеше дека ја избодел со нож на улица.

 

ТМЗ пишува дека судијата на актерот му прогледал низ прсти и му отпишал 109 дена, по што Џексон ќе одлежи 161 ден во затвор. Доколку добро се однесува тој ќе мора да излезе од затвор и порано.

dzeremi-dzekson

Тој ќе мора да оди на часови за контрола на бесот и на состаноци за анонимни алкохоличари. Џереми веќе долго се бори со зависноста од дрога и алкохол, а тоа беше и една од причината поради која беше исфрлен од „Baywatch“. Како 19-годишник помина 90 дена во затвор поради поседување на дрога.

dzeremi-dzekson1