Познати

ФОТО: Ристе Ристески се спои со Рада Манојловиќ – од нејзината жешка појава му свети лицето!

Охриѓанецот Ристе Ристески и победник во последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“, со крајот на летото и почетокот на есента максимално се активираше на професионално поле.

Имено, неодамна седна во жирито за да ги избере македонските потенционални кандидати за новата сезона на шоуто, а пак деновиве повторно замина за Белград и тоа на гостување во една емисија на „Гранд“ продукција.

Таму беше пријатно изненаден од тоа кој седна до него, односно која пејачка продукцијата избра да биде во иста емисија со него.

Насмеан од уво до уво, Ристе пред камери и зад нив имаше прилика да се дружи со згодната Рада Манојловиќ која се појави во жешко мини фустанче, па пред наш Ристе ги прекрсти долгите и витки нозе. Дека му годело нејзиното друштво, се гледа на неговото лице!

Извор: Вистина.мк