Познати

ФОТО: Лима доби наследничка, оваа девојка ќе го „покори“ светот

По Алесандра Амброзио која најави повлекување и прекин на соработката со брендот кој ја прослави „Викторија Сикрет“, се шпекулира дека и Адријана Лима ја добива својата наследничка.

Медиумите веќе со месеци пишуваат дека Сара Сампаио е новата Лима.

Секси изглед и заводлив, сонлив поглед недвосмислено потсетуваат на Бразилката која ја освои публиката пред многу години и стана заштитен знак на секси долната облека.

Иако споредбите со Лима и се ветер во грб, сепак Сара ќе мора да се разликува и да покаже колку е самата впечатлива.

Сцената не трпи копии само верни на оригиналот, па затоа упатените во модните случувања и препорачуваат на Сара да заземе свој став во своите настапи.