Познати

ФОТО: Каролина и Михаил заминаа на одмор, еве за кога ја закажаа свадбата

Пејачката Каролина Гочева замина на одмор заедно со вереникот Михаил Корубин. И оваа година, како и минатата, тие повторно се одлучија да уживаат на Миконос. По одморот кој им претстои, двојката ќе се посвети на последните подготовки за свадбата која е закажана за 25 септември.

Таа од вчера е на грчкиот остров Миконос со вереникот. За тоа се пофали на својот инстаграм-профил.

Претходно, двајцата беа во Италија на одмор во туристичкото местото Понте Векио, од каде што исто така објави фотографии.