Познати

ФОТО: Ја видовме венчаницата, гостите, а еве каква свадбена торта избраа Каролина и Михаил

Поп-ѕвездата Каролина Гочева викендов се омажи со уметникот Михаил Корубин.

 

Свадбата беше на спортскиот аеродром Стенковец. Ова е еден од оние настани на кои се појавува речиси цела естрада, па додека траеше прославата постојно се споделуваа фотографии од свадбената веселба.

Младенците споделија фотографија и од свадбената торта, која беше едноставна, на три ката, и на неа беа напишани иницијалите на младенците.

Невестата носеше венчаница купена од Италија во винтиџ стил, а подоцна се пресоблече во краток фустан. И Михаил се решил за елегантен костум исто така купен од Италија.