Познати

ФОТО: Давидс ја тужи видео играта League of Legends

Пензионираниот холандски фудбалер Едгар Давидс ја тужеше компанијата Риот Гејмс, креатор на светски популарната видео игра „Лига на легендите“ (League of Legends), поради тоа што во играта се појавил „скин“ на херој кој според него, е на правен по неговиот изглед.

Судот во Холандија одлучи дека сличноста меѓу „скинот“ и Давидс е преголема, па пресуди во негова корист.

Фудбалерот ќе ги добие сите пари кои компанијата ќе ги заработи во Холандија од продажбата на овој херој.

Инаку, „скин“ е преработен изглед на карактер од играта, а се продава со цел играчот кој ќе го купи да се издвојува од останатите.

Дали „скинот“ е направен според Давидс пресудите сами.