Познати

Фановите го нападнаа Аца Лукас поради неговата најслатка блогерка

Пишувањата околу неверството на неговата екс сопруга Соња, разводот,  новите љубови и слично, полека стивнуваат во медиумите кога се во прашање Аца Лукас и Соња Вуксановиќ.

Додека Соња ужива во летото и постојано реди нови фотографии на Инстаграм, Аца не толку е активен, но одвреме-навреме знае да објави некое видео од настап, како и фотографии од неговата малечка ќерка Викторија.

Во една од последните фотографии со неа, Аца напиша во појаснувањето дека ги повикува своите обожаватели да ја следат неговата најмлада блогерка на социјалната мрежа, а пак оние на кого ја упати пораката му вратија да се свести, поради тоа што девојчето е мало за да има профил на Инстаграм, а не пак уште да биде и блогерка. Други пак му коментираа дека децата се деца и треба да уживаат во детството, но родителите се криви за се.

Аца е познат по својата импулсивност, но овој пат се воздржа и не коментираше ништо по таквите коментари.