Познати

Еве како се забавува Флојд Мејведер: Голи девојки, ланци и куп пари… (ВИДЕО)

Флојд Мејведер, 40 годишниот боксер во кариерата заработи повеќе од милијарда долари, што е факт со кој боксерот од Мичиген често сака да се пофали. Овие денови се забавува во стриптиз клуб, во свој стил…

 

Во спортската историја само Мајкл Џордан и Тајгер Вудс заработиле повеќе пари од Флојд Мејведер, боксерот кој во животот има 50 натпревари и исто толку победи. Некогаш го нарекуваа „Pretty boj“, но „убавио дечко“ престана да биде познат под тој надимак. Веќе десетина години го нарекуваат „Money“, а човекот кој го нарекуваат пари даде доволно поводи за тој пресврт. Тој, имено, даде доста конкретно објаснување зошто постои фразата „расфрлување со парите“. Флојд со парите може слободно да се каже се расфрлува. И тоа доста долго, веќе многу пати, а последен пат, пред ден-два.

На својот Инстаграм профил тој објави видео во кое покажа како живее човек кој во кариерата заработил повеќе од милијарда долари, боксерот кој за борбата со Конор МекГрегор заработи 250 милиони долари. За една вечер, за 28 минути и четири секунди боксување со фраерот кој воопшто не е боксер. А кога е така, треба се тоа некако и да се потроши. Сепак го нема стигнато нивото на прославениот криминалец Пабло Ескобар, кои во поладните вечери знаел да се грее палејќи милиони долари, но сепак не е ниту далеку.

Сцените од неговото видео, го прикажуваат Мејведер, облечен во бела кошула, околу вратот дебел ленц со кристали, а пред него куп пари. А покрај тој куп, ниту малку неочекувано, неколку девојки во секси издание.