Познати

Ева Херцигова сепак се одлучи да застане на „лудиот камен“

Славната манекенка Ева Херцигова одлучи да се сврши со бизнисменот Грегори Марсијаж, со кого има три деца.

eva hercigova

Ева се заколна дека никогаш повеќе нема да се венча, откако во 1998 година се разведе од тапанарот на групата Бон Џови, Тик Торес, по две години брак.

Славната 44-годишна Чехиња и нејзиниот четири години помлад вереник од Италија имаат три сина – деветгодишниот Џорџ, шестгодишниот Филип и тригодишниот Едвард.