Познати

Елена Ристеска се враќа во ТЛЗП: Еве ги деталите! (ФОТО)

Популарното шоу „Твоето лице звучи познато“ е на самиот почеток од четвртата сезона, а  третата емисија ќе имаме можност да ја погледнеме во недела.

Секое следно издание е изненадување за гледачите од регионот, пред се од фантастичната имитација и маските на учесниците, како и гостувањето на специјален член во жирито и гостите на сцена.

Во првата емисија ја видовме минатогодишната учесничка Каја, а во најновото издание најверојатно ќе имаме можност повторно да ја видиме и нашата Елена Ристеска која беше учесничка во втората сезона.

Елена на својот Инстаграм објави фотографија од која го потврди своето враќање во ТЛЗП, а дали ќе седне како специјален член на жирито или пак само ќе надополни некој од настапите, останува да видиме…

За потсетување, минатата сезона претставник од Македонија беше Даниел Кајмакоски кој ја однесе победата, а пак годинава стискаме палци за маестралната Тијана Дапчевиќ која победи во минатата емисија во улога на Лејди Гага и го освои чекот од 1000 евра.

Извор: Вистина.мк