понеделник, 16. јули 2018. Вести денес: 0
home Познати

Еден живот згасна друг се роди: Откако Гоца Тржан доживеа сообраќајна несреќа на Нова година, денес има повод за славење (ФОТО)

Пејачката Гоца Тржан откако ја сподели веста со своите фанови дека доживеала сообраќајна несреќа, денеска со нив сподели една радосна вест.
Еден живот згасна друг се роди: Откако Гоца Тржан доживеа сообраќајна несреќа на Нова година, денес има повод за славење (ФОТО)

Имено српската пејачка Гоца Тржан во екот на дочекот на најлудата ноќ вчера на социјалните мрежи ги информираше своите фанови дека несреќно ја дочекува новата година откако доживеала сообраќајна несреќа.

-2017 ја испраќам со искршен автомобил бидејќи на автопат удрив куче (душата ме боли) Браво за службите кои ги одржуваат патиштата! Среќа главата ни е на рамена и ни еден дел од нашето тело не ни е скршен. На здравје, напиша пејачката.

А по ова денес следуваше нова објава на пејачката во која таа напиша дека на неа Новата година и донесе пет бебиња.

-Нашата мајка ни донесе момчиња и девојчиња, среќна сум, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.