Познати

Дијамантски прстен вреден цело богатство- Еве колку пари Роналдо дал за запросувањето (ФОТО)

Доколку судиме според најновите информации во светските медиуми тогаш фудбалерот Кристијано Роналдо ја запросил својата девојка Георгина Родригез.

 

Девојката на Роналдо за прв пат беше забележана со вереничкиот прстен за време на натпреварот помеѓу Спортинг и Тондела во Лисабон и веднаш го привлече целото медиумско внимание.

Дијамантскиот прстен на нејзината рака според светските медиуми чинел 200 илјади евра и ако ова навистина е веренички прстен, тогаш ова и за двајцата ќе биде прв брак.

Инаку Родригез треба да се породи следниот месец, а Роналдо ова лето ги доби близнаците Матеа и Ева од сурогат мајка.