Познати

Џоли и Бред Пит заедно со децата во Камбоџа

Анџелина Џоли и Бред Пит решиле да поминат време заедно во Камбоџа каде Џоли во февруари 2017-та беше на премиера за својот нов филм „First They Killed My Father“, а Пит решил да ја посети за да помине време со шесте деца.

– Бред тајно дојде во Камбоџа за да биде покрај децата. Иако околу 75% од времето децата беа со Џоли, додека Бред беше во земјата го посетуваа и него – вели близок извор на семејството.

Ова не е првпат Бред да дојде до оваа земја само за да биде покрај своето семејство. Во 2015-та година, додека Џоли го снимаше филмот „First They Killed My Father“, Бред Пит неколкупати ја посети за поддршка и совет, па и за да го собере целото семејство на едно место.

– Не беше постојано во Камбоџа, ама неколкупати дојде со децата за да бидат сите заедно – изјавил изворот.