петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Познати

Дарко Лазиќ скапо го плаќа бурниот живот: Пејачот претерал и на свадбата на својот брат, лекарите веднаш му го испрале желудникот

Имено пејачот толку многу претерал на свадбата кај својот брат што завршил во болница на перење на желудникот, дознаваат српските медиуми.
Дарко Лазиќ скапо го плаќа бурниот живот: Пејачот претерал и на свадбата на својот брат, лекарите веднаш му го испрале желудникот

Пејачот кој е во центарот на скандалите овие денови поради снимката која се појави во јавноста на која тој јасно се гледа како шмрка кокаин, овој пат повторно ја бранува целата јавност.

Имено пејачот толку многу претерал на свадбата кај својот брат што завршил во болница на перење на желудникот, дознаваат српските медиуми.

-Забават беше во ноември, сите во семејството беа среќни бидејќи подготвуваат свадба за својот син Драган кој се ожени со долгогодишната девојка. Навистина беше убаво и весело на прославата, беа повеќе од триста гости на свадбата. Покрај младоженците и родителите секако највесел беше Дарко Лазиќ бидејќи го жени својот брат. Тој од рано утрото ја дарувал музиката, пеел и наздравувал со алкохол, вели соговорникот.

Тој додава дека тој во еден момент завршил во болница бидејќи претходно му се слошило.

-Никој не е сигурен зошто пејачот заврши во болница, кога веќе заврши свадбата останаа неколку пријатели на Дарко кој често заедно со него одеа во тоалет, а по излегувањето чудно се однесуваа и повраќаа. Еден од пријателите забележа дека со пејачот нешто не е во ред и дека пребледува, но тој не сакаше да му ја уништи свадбата на својот брат одбивајќи да оди во болница. Меѓутоа во еден момент тој се онесвестил и завршил во болница на перење на желудникот, вели изворот.