Познати

Ченинг Тејтум ја раскина соработката со Вајнстајн

Ченинг Тејтум ги прекинува своите бизнис односи со продукциската компанија „Вајнстајн Ко.“ и со Харви Вајнстајн, кој неколку познати глумици го обвинуваат за силување.

Глумецот, кој е и продуцент на „Forgive Me, Leonard Peacock”, заедно со својот колега Рид Каролин соопштија дека ја прекинуваат работата на филмот под поткровителство на компанијата.

– Храбрите жени кои имаа смелост да се исправат и да ја кажат вистината за Харви, се вистински херои за нас. Тие „ги влечат тешките тули“ за да изградат праведен свет каков што сите ние заслужуваме, напиша Тејтум на Инстаграм.

Меѓу попознатите глумици кои го обвинуваат Вајнстајн за сексуално злоставување, се Анџелина Џоли, Роуз Мекгоуан, Гвинет Палтроу.