сабота, 17. февруари 2018. Вести денес: 65
home Познати

Бред Пит на големи маки: Џоли и Анистон заедно, тој сака да остане дома

Изненадувачки е дека двете ѕвезди се согласиле да бидат во иста сала, но уште сега организаторите се категорични дека ќе тие ќе бидат подалеку една од друга.
Бред Пит на големи маки: Џоли и Анистон заедно, тој сака да остане дома

Поранешните сопруги на Бред Пит, Анџелина Џоли и Џенифер Анистон, ретко се појавуваат на исти настани, но оваа година и двете ќе подаруваат статуетки на наградите Златен глобус.

Изненадувачки е дека двете ѕвезди се согласиле да бидат во иста сала, но уште сега организаторите се категорични дека ќе тие ќе бидат подалеку една од друга. Сега останува прашањето дали самиот Бред ќе ризикува да се појави во оваа напната атмосфера.

Актерот и двете поранешни сопруги се меѓу ѕвездите кои ги избегнуваат скандалите и вниманието, па затоа е многу веројатно дека тој ќе го пропушти големиот настан, коментираат луѓе од организацијата на наградите. А сепак, ако одлучи да дојде до која од екс сопругите тој ќе се приближи?

-Личните односи меѓу познати личности секогаш се земаат предвид при закажувањето на места. Имало години, во кои главни ѕвезди се гледаат за прв пат по скандалозни разделби или морале да ги позиционираат на двата краја на салата. За нас секогаш било стресно да ја имаме Џенифер Анистон, Бред Пит и Анџелина Џоли во една сала и оваа година се прашуваме дали тој воопшто ќе се појави и како ќе реагира мајката на неговите деца на тоа. Би било добро шоу за публиката, но не и за неговите поранешни, коментира за австралискиот Vogue Џени Кони, која е одговорна за уредувањето на местата на овогодишните филмски награди Златен глобус .