Познати

Бред Пит ги загрижи фановите: Последните фотографии покренаа лавина коментари

Актерот Бред Пит со месеци молчеше за својот приватен живот.

Пред неколку дена го даде своето прво интервју за еден магазин, а се дотогаш само се шпекулираше како живее после разводот.

Призна дека почнал да се менува, дека го оставил алкохолот и сака да живее поинаков живот. Меѓутоа, неговото последно појавување во јавноста го загрижи светот.

Тој со два броја поголемо одело се појави на една премиера во Њујорк. Неодамна медиумите шпекулираа дека ослабел дури 15 килограми, поради што многумина почнале да се грижат поради него.

Иако медиумите пишуваат дека актерот ангажирал готвач за себе, се чини дека и не храни како што треба или во прашање е само таков модел на панталони.

Исто така, се наведува дека актерот прави се за да го врати своето семејство и Анџелина Џоли повторно во својата прегратка.