Познати

„Блиц“ објави бомба: Аца Лукас во врска со 26 години помлада колешка, натпреварувачка на „Гранд“ (ФОТО)

Популарниот пејач Аца Лукас се чини дека потполно ја заборави поранешната сопруга Соња Вуксановиќ, од која се разведе пред неколку месеци.

Како што дознава „Блиц“, фолкерот запловил во врска со младата колешка Александра Младеновиќ, која се прослави во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.

-Аца и Александра се знаат одамна. Таа неколку пати се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ каде и се запознаа, но меѓу нив до неодамна немаше ништо повеќе од познанство. Пред две години Александра влезе во финалето на ова шоу, ја сними песната „Љубов или лудило“, по што нејзината кариера тргна во нагорма линија.

„Блиц“ пишува дека додека Аца бил во брак со Соња, тој и Александра се дружеле, ни никој не помислувал дека меѓу нив двајца може да има нешто повеќе од пријателство. Меѓутоа, пред нешто повеќе од месец дена запловиле во врска, што за луѓето блиски до нив било изненадување, вели извор на „Блиц“ кој додава:

-На Лукас не му претставува проблем тоа што Александра е 26 години помлада од него. Мал круг на луѓе знаат дека се во љубовна романса, бидејќи не сакаат тоа да се експонира, вели изворот.